Ова е првото вистинско оружје направено со 3Д принтер?

0 коментари 1 мин. читање

3Д принт е техника која овозможува производство на готов модел од дигитална копија. Добрата вест е дека ова значително го олеснува процесот на производство дури и во домашни услови. Но, лошата вест е што 3Д принтерите се толку софистицирани, а и дигиталните модели се респространети дури и за оружје.

Беше само прашање на време пред некој неодговорен сопственик на 3Д принтер да произведе целосно оружје. TheNextWeb јавува дека ентузијастот за оружјe „HaveBlue“, на својот Stratasys 3Д принтер за прв пат изработил функционален дел од .22 калибарски пиштол. Потоа го склопил оружјето и испукал повеќе од 200 куршуми со него!

Иако станува збор за еден изработен дел, според американскиот Закон за контрола на oружје , овој дел се вбројува во огнено оружје. 3Д модел на делот веќе подолго време стои на интернет.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top