PayPal ги купи Card.io, стартап компанија која им овозможува читaње на податоците од кредитните картички со помош на паметен телефон. Пред аквизицијата PayPal и Card.io веќе соработуваа на мобилната апликација PayPal Here.
Во PayPal сме импресионирани од креативноста, посветеноста и мотивираноста на Card.io, вели Хил Фергусон на својот блог. Card.io овозможува лесно плаќање со кредитна картичка, но наместо да се внесуваат податоци, картичката се само доближува до телефонот кој преку камерата ги чита податоците и ги внесува автоматски. Нивната технологија може да се искористи и од други апликации, што е голема предност. Новите вработени ќе се приклучат на тимот во Сан Хозе, а ќе треба да го олеснат користењето на „дигиталниот паричник“ на PayPal.
Ова е прва аквизиција на PayPal во период од една година која може да се каже дека е принудена од конкуренцијата од Square, кој процесира 4 милиони долари годишно, и Google Wallet, кој би требало да се појави на 400-те милиони Android уреди. Според неколку експерти PayPal доцни со дигиталните паричници зад конкуренцијата, па во блиска иднина компанијата ќе се обиде да донесе што е можно повеќе технологии за мобилно процесирање на податоци од кредитните картички.
[youtube]7lg0nMH4NFk[/youtube]