0 коментари 1 мин. читање

Chrome Web Store ќе ви дава предлози од вашите пријатели на Google+

Почнувајќи од денес, Chrome Web Store со помош на вашите пријатели ќе може да ви предложи апликации кои можеби ќе ве интересираат и ќе сакате да ги испробате, пишува Хуи Гуо на блогот на Chrome.

Станува збор за интеграција на Google+ во Chrome Web Store и со тоа му се овозможува на секој корисник да ги споделува своите омилени апликации со едноставно кликање на +1 копчето. Предлозите можете да ги видите со избор на менито „From your circles“ кое се наоѓа на левата страна, при што ќе ви бидат прикажани предлозите од вашите пријател, како и тие од тимот на Chrome.

Исто така, со споделување на продуктите на Google+, развивачите ќе може да видат како се задоволни корисниците од нивната изработка, да прочитат нивни коментари, па и да добијат поддршка од некого.

Одличен потег од Google кој ќе им помогне на многумина кои се двоумат помеѓу избор на повеќе апликации кои извршуваат иста работа.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top