0 коментари 1 мин. читање

Финалето меѓу Шпанија и Италија стана рекорден натпревар на Twitter

Покрај највисоката победа во финале на Европско првенство, годинашното EURO 2012 постигна и рекорд на Twitter. Бројката од 15.358 твитови во секунда е нов рекорд за било кој спорт кој се коментирал во реално време на Twitter. Рекордот е постигнат истовремено со четвртиот гол на Шпанија.

Во својoт пост Twitter соопшти дека во време на финалниот меч се испратени околу 16.5 милиони пораки. Сервисот за микро блогирање сподели сподели и одличен график за споменувањата на секоја од репрезентациите во текот на првенството.

Една од причините зошто Twitter го забележа овој рекорд, и се поголемата популарност се и секако личните твитови на фудбалерите кои освен што коментираат натпревари, играчи, голови и потези на својот профил, објавуваат и фотографии кои даваат нов аспект на како го доживуваме фудбалот.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top