Google вчера ја претстави својата најнова верзија на својот мобилен оперативен систем – Android 4.1 Jelly Bean и веќе можевте да прочитате што таа ни нуди. Но, една платформа е ништо без армија на развивачи и API-ја кое ќе им овозможи на развивачите да ја користат платформата за своите продукти.
Утрово, Анагана Гош, продукт менаџер за Android мго претстави новото API кое вклучува:
- Проширени нотификации – Во Android 4.1 апликациите ќе може да прикажуваат подетални известувања на корисниците. Исто така, нотификациите ќе поддржуваат и нов вид на содржина и слики.
- Android Beam – полесно споделување на слики, видеа и сл. преку NFC или помоќен Bluetooth за пренос на поголема количина на податоци.
- Двонасочна текст поддршка – Нуди поддршка за двонасочен текст во полињата за внесување на текст и прегледите.
- Пристап до мултимедијалните кодеци – Jelly Bean ви нуди пристап од ниско ниво до хардверските и софтверските кодеци.
- Wi-Fi сервис за директно откривање – Новото API им овозможува на апликациите да соберат повеќе информации од околуте уреди и кои услуги тие ги поддржуваат, пред тие да се поврзат.
- Менаџирање на мрежниот сообраќај – Новото API нуди и можност за детектирање на измерени мрежи, вклучувајќи и опција за вашиот телефон да служи како хотспот.
Покрај тоа, Android 4.1 исто така го подобрува начинот на кој развивачите ќе може да нудат платена содржина на нивните корисници без да се грижат за неавторизирано копирање. Развивачите на апликации работат напорно за да ја пренесат својата содржина до своите корисници кои имаат платено за тоа, па затоа од Google го воведоа енкриптирањето на апликации. Тоа ќе функционира на начин што платените апликации во Google Play ќе бидат енкриптирани со специфичен клуч пред тие да бидат пренесени и зачувани на уредот.
Со цел да се зачува на сообраќај при надградувањето на апликациите, за уредите кои работат на Android 2.3 (Gingerbread) и понови и кога ќе биде достапна нова верзија од некоја апликација, ќе се презимаат само деловите во кои има промени.
Коментари
9 коментари
Коментарите се затворени.