0 коментари 2 мин. читање 26 јуни, 2012

Valve најми економист да ги проучува виртуелните светови

Онлајн видео игрите можат да бидат одличен простор за проучување на економијата. Oва го изјави Јанис Варуфакис, економист кој од неодамна е дел од тимот на гејминг студиото Valve. Уште поважно, постоењето на ваков модел во кој ќе може да се разгледаат макроекономските влијанија, ќе може да помогне да биде избегната некоја идна економска криза. Според него игрите се одличен модел за набљудување на економските состојби првенствено поради малиот број на продукти, но и поради целосната предвидливост на моделот.

Причина за неговото доаѓање во Сиетл е и желбата на Valve за унифицирање на економиите за повеќе игри на кои работат, а прва игра ќе биде Team Fortress 2.   Бидејќи во Team Fortress 2 нема виртуелна валута играчите се принудени сами да изнаоѓаат средства за тргување. Ова го потсетува г. Варуфакис на трговијата во воените кампови од Втората светска војна. Во камповите наместо со пари затворениците тргувале со цигари и конзерви сардина. Во Team Fortress 2 играчите тргуваат со: клучеви, метал, капи, пиштоли и слично, но во размената  најчесто употребувани се клучевите. Со клучевите можете да отворите куфери кои ги наоѓате во играта. Сепак за да проработи ова клучевите ќе имаат утврдена приближна вредност. На пример 1 клуч се разменува за 3 пиштоли или 2 клуча се менуваат за 5 капи.

По воспоставувањето на „валута“ и разгледување на предностите кои ги имала истата ќе можат да анализираат и останатите економски проблеми. Еден од проблемите кои веќе се разгледуваат е подигање на цената на некои виртуелни артикли кога ќе станат „модерни“. На пример вредноста на една капа нагло се зголемила откако станала популарна.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top