0 коментари 1 мин. читање

Видео игри: индустрија во транзиција (инфографик)

Продажбата на физичките копии на видео игрите е на најниско ниво по 2006-та година, и иако тоа е најголемиот дел од профитот на студијата сепак се очекува да продолжи да опаѓа. Но, ова не значи дека индустријата на видео игри е во криза, туку дека се префрла на дигитални копии, онлајн игри со претплата и стриминг во реално време.

Според инфографикот на Statista, се повеќе луѓе се заинтересирани за видео игрите, посебно преку друштвените мрежи и паметните телефони. Но, и покрај овој интерес најмногу пари генерираат традиционалните хардкор гејмери. Пример за ова е Rovio, креаторите на Angry Birds кои пријавија 106 милиони долари приход во 2011-та, додека Call of Duty: Modern Warfаre 3 надмина 1 милијарда долари за само 16 дена!

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top