Ако користите LinkedIn тогаш сега е добро време да си ја промените лозинката. Околу 6,5 милиони пробиени лозинки се најдоа на руски форум во пост кој ја повикува хакерската заедница да помогне да се декодираат, пишува норвешкиот Dagens IT. Лозинките се со SHA-1 енкрипција и до сега околу 300.000 се веќе декодирани.
Над шестте милиони украдени лозинки се само 4 отсто од 150-те милиони корисници на бизнис мрежата, сепак ве советуваме да си ја промените лозинката за секој случај.
Претходно денес беа објавени извештаи дека iOS апликацијата на LinkedIn собира целосни белешки за состаноци и детали од календарот и ги праќа до компанијата во тестуален формат. Ова апликацијата го прави без да побара дозвола од корисниците, што е нарушување на приватноста и безбедносните протоколи на Apple.
Иако пробиените лозинки и проблемот со iOS апликацијата се сосема различни инциденти, сепак се чини дека нешто е труло во безбедноста на LinkedIn.
Our team is currently looking into reports of stolen passwords. Stay tuned for more.
— LinkedIn (@LinkedIn) June 6, 2012
Коментари
9 коментари
Коментарите се затворени.