Google официјално го објави својот World Wonders Project кој ќе ви овозможи 360 преглед на вкупно 132 историски локалитети низ 18 различни земји.
Проектот е изработен со помош на Street View технологијата со која располага компанијата, а за деловите до кои не може да се пристапи со кола е користена камера. Сајтот вклучува 3D модели од Google Earth, YouTube видеа и фотографии за историските локалитети, и сето тоа е достапно на шест јазици.
World Wonders го следи Google Art Project и е посветен да им понуди на корисниците можност виртуелно да ги истражат најпознатите светски културни и историски места, и се надеваат дека сервисот ќе биде добар ресурс за едукација. За таа цел имаат изработено и едукативен пакет кој е достапен за преземање и може да се користи низ образовните установи.
Целиот проект е изработен во партнерство со UNESCO, World Monuments Fund, Getty Images и Ourplace, од кои се презентирани официјалните информации и фотографии од локалитетите.
[youtube]wZg8FTi5_Os[/youtube]
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.