11 коментари 3 мин. читање

Прв поглед на минијатурниот TP-Link Portable 3G/3.75G Wireless N рутер

(Рецензијата за TP-Link Portable 3G/3.75G Wireless N рутер ќе ја најдете и на форумот на IT.com.mk каде може да се вклучите во дискусијата, да прашате и да научите нешто ново)

Заборавете на проблемите и мачењето како со 1 3G USB стикче да ја поделите истата конекција на повеќе преносни компјутери, телефони и таблет компјутери. Ви го претставуваме одличниот рутер TP-Link Portable 3GWireless N. Мора да признам дека го зедов производов за рецензија поради неговите димензии. Уредот е доволно мал за да може да се носи дури и во џеб, и иако искрено не верував многу во неговите квалитети, Portable 3G Wireless N(ano) се докажа како многу моќен. Наскоро ќе дознаете и зошто.

Да почнеме од почеток. Рутерот е од TP-Link кој е глобален провајдер на SOHO мрежните продукти и е број еден провајдер за безжични и жичани уреди чиј продукти се застапени во 120 држави со 10 милиони клиенти. TP-Link произведува рутери, свичеви, IP камери, адаптери, принт сервери, медиа конвертори и мрежни адаптери за крајните корисници.

Portable 3G/3.75G Wireless N е спакуван во мала минијатурна кутија која содржи рутер, адаптер за струја, ЦД со потребен софтвер, прирачник, USB кабел и Enternet кабел. Најважниот дел е сакако рутерот кој на него ги има следниве работи: мод свич со кој местиме дали ќе го користиме како 3G или рутер, има еден Enternet порт, Lan/Wan, мини USB port кој служи за напојување на рутерот преку латоп или со адаптерот кој доаѓа со него. Има и 3G USB порт за креирање на 3G конекција која може да ја споделиме со другите и има WPS/Reset копче за рестартирање на уредот.

Тоа што го издвојува TP-Link Portable 3G/3.75G Wireless N рутер од конкурентните производи се секако димензиите 74 x 67 x 22 милиметри. Рутерот е лесен и компактен, мал и функционален, ги има сите функции како сите обични и големи рутери. Лесен е за пренесување од едно на друго место, димензиите му се толку мали што може да го ставите во џеб на палто, јакна, и секако може да го носите во ташна.

Што се однесува до другите подетални спецификации на овој рутер:

Дизајнот и изработката на ова рутерче е перфектно изработено, особено радосни ќе бидат оние кој имаа Apple Mac преносни компјутери, бидејќи ќе им се вклопи комплетно во дизајнот на лаптопот и ќе изгледаат идентични. Она што е за поздравување од TP-Link е онлајн емулаторот за овој рутер и за сите негови претходници. Слободно можете да се опуштите и да го разгледате се што тој опфаќа. Линкот до емулаторот е http://www.tp-link.com/resources/simulator/TL-MR3020/index.htm

 Позитивно

  • Мали димензии, лесно за пренесување;
  • Не му е потребно додатна струја, може да се напојува со струја од самиот лаптоп или компјутер преку USB кабел, но исто така има можност да се поврзе и на адаптер;
  • Бела боја во комбинација со блага сива боја која остава убав впечаток;
  • Може да се користи било како 3G USB стикче не зависно од операторот.

Негативно

  • Нема :)

Рецензијата ја обезбеди Mebius Компјутери кои обезбедија и специјален попуст за сите читатели и членови на форумот на IT.COM.MK. За подетални информации обратете се на 02 3090 517.

Бонус

Kaко бонус споделуваме линк кој ви објаснува како да ја засилите Wireless мрежата за да фаќа на поголема далечина. Напомена! Доколку се решите да го следите водичот, треба да знаете дека е потребно претходно познавање од електроника и дека ќе ја изгубите гаранцијата на истиот произвот. Евентуалната штета паќа на ваш ризик. Повелете линк (само за напредни корисници).

Напишано од

Томислав Цветковски е модератор на форумот на IT.com.mk. По занимање е дипломиран криминолог, работи како сервисер на компјутери и монтажа на мрежи, безбедносни камери и алармни уреди. Мото: Ризик ствара капитал.

Коментари

11 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top