0 коментари 1 мин. читање

Qualcomm претстави нов Snapdragon процесор

Qualcomm го претстави Snapdragon 768G 5G мобилниот процесор. Станува збор за надградба на процесорот Snapdragon 765G.

Најголема предност на процесорот, како и на претходниот е за гејминг. Компанијата успеа да ги подобри перформансите на процесорот за 15 отсто во однос на претходната генерација. Производителот ветува десктоп-квалитет на графика и поддршка за екрани со рефреш од 120Hz.

Дополнително ако претпоставите дека 5G е во името заради следната генерација на мобилни мрежи не се излажавте. Процесорот доаѓа со Snapdragon X52 5G модем. Модемот е соодветен и за 5G, a секако и за актуелната 4G, и претходните генерации на мрежи. Ова сè уште се првите 5G процесори, па процесорот е интересен и поради оваа причина.

Првиот уред на кој ќе ни бидат претставени вистинските перформанси на процесорот ќе биде Xiaomi Redmi K30 5G Racing Edition. Интересно телефонот е претставен речиси истовремено со процесорот, а продажбата започнува на 14 мај. Xiaomi Redmi K30 5G Racing Edition е уред од средна класа и ќе се продава за 282 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top