Steam е феноменална платформа која често им нуди на гејмерите игри со длабоки попусти. Двапати годишно, епски распродажби од петни жили се трудат да ви го испразнат паричникот, а едната од тие две е исклучително блиску. Ова се три работи кои можеби не ги знаевте за неа.
- Steam летната распродажба започнува на 25 јуни, а ќе трае до 9 јули. Датумите за оваа распродажба Steam никогаш не ги открива на јавноста пред време, но многу издавачи веќе открија дека добиле мејлови и упатсва за прилагодување на попустите за време на распродажбата.
- Се спрема нов програм за лојалност. Според Павел Џундик, претставник од Steam Database, нов програм ќе им дава на корисниците награди во форма на дигитални предмети, Steam значки, па дури и попусти при купување игри. Иако вакво нешто не е ново, Steam никогаш не бил премногу дарежлив во овој поглед и останува да видиме за какви подароци и попусти би можело да се работи.
- Со распродажбата, се шпекулира дека ќе се откријат и нови реакции на рецензиите кои ги оставаат корисниците. Моментно, рецензиите кои ги читаме можат да се оценат како (не)корисни, или смешни. Со распродажбата, ќе се прошират можностите за оценување и на: deep thoughts, heartwarming, hilarious, hot take, and poetry.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари