0 коментари 2 мин. читање 13 мај, 2020

Вработените во Twitter можат да работат од дома засекогаш

Микроблог платформата Twitter по бројот на корисници е далеку за Facebook, а сега веќе и зад Instagram, но без сомневање имаат значително поголем „кулнес фактор“ од другите друштвени мрежи. Компанијата само што стана и уште „покул“, откако објавија дека вработените и по завршувањето на пандемијата ќе можат да продолжат да работат од дома.

Директорот на Twitter Џек Дорси на вработените им пратил имејл во кој пишува дека голем број од вработените ќе може да продолжат да работат од дома и по крајот на пандемијата.

„Кога ќе ги отвориме канцелариите ќе биде наша одлука. Кога и дали нашите вработени ќе се вратат да работат во канцеларија ќе биде нивна одлука“, вели портпаролот на Twitter.

Според процената, изгледа неверојатно дека компанијата ќе ги отвори канцелариите пред септември, а веројатно и настаните од 2021 ќе бидат поместени, а настаните од оваа година се откажани, пренесе Buzzfeednews.

Најголем дел од вработените во Facebook, Microsoft, Google работат од дома, а Google слично како и Twitter им порача на вработените дека голем дел од нив ќе работат од дома до 2021. Fecebook ќе започне со отворање на канцелариите од јули, но сите кои може да работат од дома ќе продолжат до следната година.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}