1 коментар 1 мин. читање 28 мај, 2012

Со Brass Monkey вашиот телефон е контролерот, а прелистувачот е конзолата

Не грижете се ако немате Kinect или Nintendo Wii конзоли, бидејќи сега има мобилна апликација со која ќе може вашиот паметен телефон да ви стане контролер. Brass Monkey e едноставнa апликација за Android и iOS која преку WiFi го прави паметниот телефон контролер за игри кои се играат на веб прелистувач.

Потребно е да си инсталира првин Playbrassmonkey апликацијата на десктоп или лаптоп компјутерот за да може да се користи. Апликацијата поддржува и повеќе вклучени телефони за да играте игри со пријателите. Креаторите на апликацијата препорачува да го поврзете компјутерот со монитор преку HDMI за да добиете поголем екран и да ви биде позабавно.

Во моментов има само девет игри, но постојат алатки за да се направат нови. Сигурно ќе биде уште поинтересно ако си направите своја игра, нели?

(Благодарност до @rokerot за линкот)

[youtube]BlQCcRnU86o[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
тотето
тотето
14 years ago

Убо е што нема доцнење, малце е тешко за контролирање. Интересно е 3-4-ца заедно да играт, вака сам досадно е.

Мени
Заедница
Изглед
To top