Google и Apple работат на систем за следење на Ковид-19. Android и iOS ќе имаат интегриран систем за следење во оперативните системи, Android, односно iOS.
Во духот на взаемна соработка Google и Apple најавуваат заеднички напор со помош на Bluetooth технологија да им се помогне на државите и здравствените агенции да ги спречат ширењето на вирусот вирусот, истовремено приватноста на корисниците и безбедноста се фокус на дизајнот, пишува во известувањето на Apple и Google.
Една од технологиите која ќе го овозможи ова е API кое ќе овозможи интероперабилност помеѓу iOS и Android, на база на апликациите на официјалните здравствени установи. Во оваа фаза корисниците ќе треба да инсталираат апликации изработени од трети страни.
Принципот на работа на апликациите е следниот. Корисниците ќе треба да активираат Bluetooth комуникација и понатаму на телефонот на корисникот ги чува податоците за тоа со кој биле во близина. Ако некој од овие контакти е потврден како Ковид-19 носител може да испрати известување дека е дијагностициран со Ковид-19.Сите контакти со апликација ќе добијат известување дека биле во контакт со лице заразено од Ковид-19.
Иако на почеток ова ќе им помогне на сите кои работат на вакви апликации, сепак планот е во иднина да не биде потребна никаква надворешна апликација и функционалноста да биде дел од оперативниот систем. API-то треба да биде достапно од средината на мај.
Она што е поинтересно се чекорите по издавањето на апито. Веднаш по ова двете компании ќе започнат со додавање и интеграција на функционалноста во iOS и Android. Нема да има потреба од инсталирање на апликации, но сепак ќе треба да се активира функционалноста.
Она што е важно е дека целиот систем ја има предвид приватноста на корисниците. Со технологијата нема да се собира локацијата на корисникот, податоците со Bluetooth ќе се собираат на секој 5 до 15 минути што ќе оневозможи следење на движење; сите податоци се чуваат исклучиво на телефонот и не се вадат надвор од него; секој од корисниците може сам да одбере дали ќе сподели информација за својата дијагноза или не. Конечно и самото активирање на Bluetooth, а и на функционалноста е во „рацете“ на корисниците.
Секако без разлика што Apple и Google ќе ја додадат оваа функционалност во своите оперативни системи корисниците сепак ќе мора во голем број да се приклучат и да бидат одговорни. Конечниот товарот на епидемијата и натаму ќе остане на здравствените работници, но доколку апликацијата биде прифатена ќе биде олеснето спречувањето на ширењето.