Спречувањето на Ковид-19 за поголемиот број од нас бара единствено да останеме дома, но на дел од луѓето ова не им е доволно. Над 250 доктори и дизајнери се организираа и започнаа да печатат маски за заштита на медицинските лица. Целта секако е да им помогнат на медицинските лица во болниците во кои има недостаток на медицинска заштита. Во првиот ден веќе се изработени 280 визири, 150 штитници.
Она што е најважно и на што мора да му се оддаде признание е дека целата опрема која ја изработуваат ја донираат, и тоа на локациите за кои ќе се одлучи дека е најпотребна.
Неверојатно добар прв ден. Околу 280 визири, 150 штитници и 150 дистрибуирани. БРАВООООООО 3D Принт Медицинска Опрема
Posted by Aleksandar Karevski on Tuesday, March 24, 2020
Ако на почетокот facebook-групата имаше 250 членови, веќе има над 1500. Дел од нив помагаат со принтање и сечење на делови на маските, но најголем дел се да ја изразат својата поддршка на друг начин. Без разлика дали да ја поздрават самата идеја или да донираат филамент за печатење.
Маската која ја печатат е дизајнирана со помош на компанијата 3Д спринт од Чешка. Волонтерите се организираат и се договараат на Facebook и ако имате принтер или ако сакате и можете да помогнете, волонтерите имаат потреба од:
- Луѓе или институции кои имаат 3д принтер на располагање кои можат да користат PETG и ABS или АСА материјали
- Компании или луѓе кои имаат пристап до A4 провидни фолии кои се подебели од 0,4 мм
- Компании кои можат да помогнат со филаменти за 3д принтање од горенаведените материјали
- Волонтери доколку се соберат материјали да се склопат визирите и да се доставуваат до местата каде се потребни
Екипите на волонтери продолжува да печатат, склопуваат и испорачуваат заштитни маски и во следните денови.