0 коментари 1 мин. читање

Искористете ја вонредната состојба и научете нови вештини

Со прогласувањето на вонредната состојба и евидентно е дека во скоро време нема да излеземе од кризата која ја предизвикува епидемијата на Ковид-19.

Без разлика што можеби работиме од дома, секако обемот на работа е значително помал. Добра вест е дека ова ни остава повеќе време за да научиме нови технологии и да се здобиеме со нови вештини.

Во овој период нема подобра локација за учење од онлајн курсевите. Добра вест е дека има стотици релeвантни курсеви од врвни универзитети кои се достапни за сите. Class Central пред некоја година спорели долга листа курсеви кои може да ги посетувате. Лоша вест е дека има некакви промени, но секако има доволно квалитетни курсеви да си најдете што ви е потребно.

На листата има 600 курсеви од 190 универзитети. Секако не сите се програмирање, математика, физика или поврзани со техника, но доволно и повеќе од доволно се поврзани со оваа тематика. А ако сакате нешто поинаку може да пронајдете и интересни курсеви, на пример за пиксел уметност или можеби развој на видеоигри.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top