Работеа на куп холивудски хитови: Transformers, Terminator, Rango, Sherlock Holmes… а од недомна македонското 3Д студио Fx3x во своето портфолио го додаде и мега-хитот Avengers кој надмина 1 милијарда долари приходи.
Fx3X работеше на девет секвенци од филмот, секоја свој предизвик кој бара врвен квалитет, вели Кристијан Даниловски, ко-основачот на студиото.
„Fx3x работеше на девет секвенци од филмот, повеќето се откако ќе започне војната помеѓу Oдмаздниците и Локи, така да тоа подразбираше различни сцени на уништување на градот, сцени кога летаат Читаурите, војниците на Локи, исто кога Captain America паѓа низ прозор врз автомобил.“
Кои ви се омилени сцени? Сигурно има еден момент од тие вкупно четири минути што ги сработено Fx3x, кој ви беше најголем предизик?
На ваков филм сите сцени се предизвик затоа што интензивно се работи на сцени со голема динамика кои треба да се со врвен квалитет. Од друга страна, забележливо е задоволството на гледачите од одличниот квалитет на ефектите, сите се согласуваат, и гледачите и критичарите, дека филмот е уште еден исчекор во филмската индустрија, и тука е тешко да изберете што е најомилено. Мерите според јачината на доживувањето, а има сцени што се навистина впечатливи.
[youtube]tY9DnBNJFTI[/youtube]
Работите на најголемите холивудски хитови. Дали тоа значи дека побарувачката за вашиот квалитет расне? Дали го зголемувате кадарот, опремата и дали имате капацитет за поголеми проекти?
Дали побарувачката за нас расне, зависи само од нас. Во филмовите има се повеќе ефекти, како што се гледа, мината година Transformers беше досега невиден филм по бројот на ефектите и динамиката, еве сега Avangers има двојно повеќе и ефектите се со двојно подобар квалитет.
Да, може да се каже дека за нас побарувачката расне. Ги зголемивме и капацитети, во однос на екипата, од 65 пораснавме на 105 луѓе од минатата година досега и соодветно на тоа, воведуваме континуирано нова технологија.
Што користите за рендерирање на ефектите?
Имаме рендер фарма со 440 јадра, која е поставена со централизиран систем за складирање, заштитен со реидови и неколку бекап сервери, сето тоа адаптирано за нашата работа бидејќи работиме со неколку различни видови на софтвер за анимација и за визуелни ефекти.
Кој ви е омилен лик од филмот? :)
Дефинитивно Hulk, заради фантастичната изработка, меѓутоа и Iron Man е сè уште многу импресивен.
Продолжете со добрата работа Fx3x.

Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.