Apple подготвува новини за своето веб складиште, открива Wall Street Journal. Весникот пишува дека Apple ќе претстави сервис за споделување на фотографии преку iCloud на својата Worldwide Developer конференција закажана за 11 јуни.
Според изворите, новата функционалност на веб складиштето ќе овозможи корисниците да споделуваат и коментираат на фотографии со 125 милиони корисници кои до сега ја активираат веб услугата. Ова ќе биде надополнување на Photo Stream кој овозможува синхронизирање на галеријата со други Apple уреди.
Дополнително, iCloud ќе добие опција за видео синхронизација преку облакот, и ќе добие пристап до Notes и Reminder aпликациите преку iCloud.com.
Сите овие новини ќе бидат дел од новата верзија на мобилниот оперативен систем iOS 6.
[youtube]DCjeSNomXrU[/youtube]