6 коментари 1 мин. читање 14 мај, 2012

Пази Радар на МВР сега е достапна за Android

Минатата недела МВР ја претстави Пази Радар, мобилната апликација за iOS и Android, која ќе ги предупредува возачите за можни радарски контроли. Но, кога беше претставена апликацијата, таа не беше достапна на соодветните пазари. Се до сега. Пази Радар сега може да се симне од Google Play продавницата (поранешен Android Market).

Апликацијата, креирана од Web Factory, користи GPS за да ја открие локацијата на радарските контроли и локацијата на возилото, и го информира возачот кога ќе биде блиску до една од контролите. Возачот може да си намести да добива известувања според километри или метри.

Пази Радар сè уште не е достапна за iOS уредите бидејќи Applе за разлика од Google ги проверува апликациите пред да ги објави на App Store, и за тоа треба време.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Гостин
Гостин
14 years ago

Импликацијата користи фиксна листа на статички радари (не се ажурира он-лајн). Гледа според GPS координати колку си далеку од позицијата на радарот (воздушна линија, не води сметка за правец).

На следната адреса ги има позициите на радарите во google friendly формат: http://www.vmetni.com/raw/39f83f98b61a06010c55b4b

Saso
Saso
14 years ago
Reply to  Гостин

Ej fala, bas ova mi trebase.

Pozdrav

Гостин
Гостин
14 years ago
Reply to  Гостин

Директен приказ во Google Maps: https://t.co/S2gjgAcX

Дневен весник
Дневен весник
14 years ago
иле
иле
14 years ago

Според коментарите на маркетот МИЗЕРНА е апликацијава…. испрани пари

@arangel
14 years ago

и кодот до апликацијата нормално не е достапен – апликацијата направена од пари на граѓаните. Да не забораваме тоа нели.

Мени
Заедница
Изглед
To top