0 коментари 1 мин. читање

IBM ќе ја истражува Вселената

Во следните пет години IBM во соработка со Холандскиот институт за радио астрономија ќе работи на дизајнирање на „супер компјутер“ кој ќе се користи за анализирање на податоците  кои ќе ги генерира  SKA. SKA (square kilometer array) е супер модерен радио телескоп кој се уште е во изработка, а се очекува да биде завршен до 2024 година.

Според IBM компјутерот кој треба да го развијат треба да биде милион  пати побрз од денешните десктоп компјутери и сто пати побрз од најбрзите денешни супер компјутери, а  бројот на операции во секунда ќе се движи во ексафлопи!

Се очекува астрономските податоци кој дневно ќе ги обработува „екса компјутерот“  да бидат повеќе од податоците кои днево се пренесуваат преку целиот интернет, а во најдобар случај  во ASTRON очекуваат да бидат двапати поголеми.

За да ги задоволи потребите на проектот IBM  ќе ги искористи сопствените експериментални технологии помеѓу кои  3D-полупроводниците и терабитните оптички чипови.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top