Според истражувањето на comScore, американските и британските iPhone корисници се позависни од Wi-Fi мрежите, т.е. повеќе ги користат, од корисниците на Google Android. Кажано со бројки, 71 од iPhone корисниците користат мобилен и Wi-Fi интернет, наспроти 32 отсто кои се поврзуваат на Wi-Fi преку Android. Во Британија пак, дури 87 отсто од iPhone, односно 52 отсто од Android корисниците, се закачуваат на Wi-fi.
Ова истражување не ги открива деталите за навиките на корисниците и зошто Android корисниците не се поврзуваат на Wi-Fi мрежите, дали можеби iPhone корисниците ова го прават бидејќи користат повеќе интернет? Кој знае. Поентата на истражувањето е што треба мобилните оператори да сфатат од ова однесување?
„Како што расне користењето на интернетот и спектарот станува се помал, операторите, производителите и другите во мобилниот екосистем треба да ја разберат различната динамика меѓу користењето на мобилните и Wi-Fi мрежите за да развијат стратегија да ги оптимизираат ресурсите и да обезбедат на корисниците постојан високо-квалитетни интернет услуги.“, вели Серге Мата од comScore.
Со други зборови, дајте им ефтин и побрз мобилен интернет на корисниците за да можат да бидат постојано онлајн преку паметните телефони.