2 коментари 1 мин. читање

A1 се враќа во април во форма на веб портал

А1оn.mk е новиот портал кој е продолжение од телевизијата, но кој не е врзан правно или финансиски со претходниот газда Велија Рамковски чие судење е во тек.

А1оn.mk ќе биде веб портал за вести кој ќе содржи и видео од одредени приказни. Оваа вест првин се појави на Плусинфо порталот, а подоцна проверивме дека доменот А1оn.mk е регистриран пред два дена. Откако се распрашавме, регистрантот на доменот, новинарот Предраг Петровиќ ни потврди дека се работи за проект воден од новинарите на А1.

Се чини дека новинарстовото во Македонија полека се префрла на Веб. Се почесто може да се слушне на вестите како водителите ги насочуваат корисниците „за повеќе информации проверете го нашиот сајт“, а благодарение на агрегаторите на вести и друштвените мрежи и корисниците имаат шанса да ги откријат вестите што им се важни. По се изгледа телевизиите ќе останат за сериите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top