4 коментари 1 мин. читање

Windows Live Messenger ќе блокира торент линкови

Microsoft реши да ги блокира сите линкови до торент сајтот The Pirate Bay кои ќе бидат испраќани преку нивната алатка за инстант комуникација Windows Live Messenger.

При испраќање на било каков линк од Pirate Bay, Windows Live Messenger ќе ви прикаже порака дека линкот кој се обидувате да го испратите е пријавен како несигурен.

TPB и покрај судењата и легалните проблеми, сеуште е еден од најпосетуваните торент сајтови.

Некои ќе го окарактеризираат овој чин како цензура и нарушување на приватност, некои како заштита на приватноста и мерка за подобра сигурност од вируси, трети ќе играат на карта дека се работи за заштита на интелектуална сопственост… кој е вашиот став за овој потег на Microsoft?

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top