0 коментари 2 мин. читање 3 март, 2020

ИТ Настан: Десет години RoboMac

Факултетот за електротехника и информациски технологии го најави меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2020“. Оваќе биде десето издание во кој учесниците ќе можат да ги спротистават своите работи во куп различни натпревари.

„Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија“, велат организаторите.

Категориите во кои се натпреваруваат учесниците се речиси исти последните неколку години, но оваа година ќе имаме и категорија „вештачка интелигенција“.

Robomac 2020 ќе се одржи од 9-ти до 14-ти март. Учесниците , поделени во тимови од двајца ќе можат да креираат роботи и потоа да се натпреваруваат во категориите:

  • Роботска рака
  • Сумо
  • Line Follower
  • Лавиринт
  • AI Football
  • Sphero

Отворањето е на 9 март од 11 часот во амфитеатарот на ФЕИТ. Финалните натпревари и затворањето се закажани за 14 март од 18 часот, и традиционално се одржуваат во Дом на АРМ.

За повеќе информаци посетете ја официјалната веб-страница на RoboMac.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top