Мерките против коронавирусот го намалија загадувањето во Кина

0 коментари 1 мин. читање

Благодарение на сензорите кои на сателитите на Nasa со кои се мери загадувањето, можеме да видиме каков ефект имаат мерките кои властите во Кина ги преземаат за ограничување на епидемијата на коринавирусот. Намалувањето на сообраќајот, и запирањето на работата на индустријата, дополнително го подобрија и квалитетот на воздух во Кина, покажуваат снимките на Nasa.

Вакви промени во загадувањето се забележуваат секоја година во периодот на Кинеската нова година, кога индустријата работи со помал капацитет. Сепак оваа година намалувањето на загадувањето е драматично.

На мапите е прикажана концентрација на NO2 честички измерена од сателитот Sentinel-5. Честичките најмногу ги генерираат сообраќајот и индустријата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед