Facebook официјално го претстави Messenger за Windows, иако оваа кул алатка за четување се појави уште пред три месеци, кога го открија бета фајлот за симнување, па Facebook реши да го направи јавно достапен.
Доколку го немате веќе симнато, Messenger за Windows, како и секој месинџер, овозможува да четувате со пријателите надвор од прелистувачот. Освен четувањето, клинтот го содржи и тикерот на кој се листаат најновите активности и постови од друштвената мрежа за да може брзо да ги отворите доколку некој ве заинтересира. Има и нотификации за пријатели, пораки и лајкнувања.
Алатката е супер, бидејќи ви овозможува да правите нешто друго и да останете во контакт со пријателите, без да мора да дремете на страната на Facebook. Eдинствениот проблем со Messengеr е што сте логирани на него иако сте одлогирани од Facebook, така да некој би можел да ви ги прочита разговорите, но не и да ви го отвори профилот. Ви препорачуваме да го користите само на ваш личен компјутер.
Messenger е наменет за Windows 7, наскоро и за Vista, а воопшто нема да има поддршка за XP. Што се однесува до Mac корисниците, Facebook најави дека се работи и на верзија за Mac.
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.