7 коментари 1 мин. читање

Трендо го стартува Off.net.mk

Од On.net.mk сега се префрламе на Off.net.mk. Сашо Мацановски, за повеќето познат како Трендо, го стартуваше својот нов портал кој е всушност продолжување на неговата поранешна работа, но во ново руво.

Трендо го напушти уредничкото место на On.net.mk во јануари, по 12 години водење на порталот. Тој во своето „А сад адио“ писмо не наведе конкретни причини зошто се откажува од порталот, но сподели дека му станало непријатно да работи во „корпоративно гнездо“.

Сега тој го стартува Off.net.mk, кој што не се разликува многу од On.net.mk освен што новиот портал е на слободната територија наречена Трендоленд.

„Ова што го гледате е порталот off.net.mk. Околу него се собраа луѓе кои веруваат дека нивните работни часови можат да бидат забавни, а животот не е она што престанува кога ќе стигнеш на работа. Искрено нè изненади големиот интерес за нашиот старт, со оглед на тоа што не измислуваме нов Ајфон ниту патики што не мирисаат. Убаво тоа.“, вели Трендо во својот „Добро ве најдовме“ пост.

Неодамна, Трендо одржа и говор на конференцијата за активизам и друштвени мрежи Engage, во која го сподели своето искуство со водење на портал, со секојдневните проблемите со кои може да се соочи уредник и како влијае кога корпорација ќе застане зад порталот.

[youtube]cb-Th0diOtM[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top