Nokia верува дека нивните паметни телефони не се доволно ефтини. Оваа изјава доаѓа откако Nokia го престави Lumia 610 на Mobile World Congress, паметен телефон кој чини 190 евра, што е релативно поефтино од останатите паметни телефони на пазарот, но не доволно.
„Android на многу пазари е по 100 евра, и тоа што ние сме на 190 евра со Lumia 610 сугерира дека треба да работиме повеќе за да стигнеме до поефтини цени за коросници кои се среќааваат прв пат со паметните телефони.“, вели потпретседателот на Nokia, Никлас Савандер за Pocket-Lint.
Од една страна, идејата на Nokia е одлична. Со креирање на ефтини паметни телефони тие ќе можат да ги инволвираат „следната милијарда корисници“ во пазарот на паметни телефони, при тоа популаризирајќи ја Windows Phone платформата. Иако, прашањето е колку се тие корисници кои сакаат ефтини телефони расположени да плаќаат за апликации, и со тоа да го развијат и тој пазар за да привлече програмери кои ќе креираат апликации.
Но, од друга страна е Windows Phone платформата. Дали таа платформа ќе може да понуди добро корисничко искуство, конкурентно на iOS и Android, ако работи на послаб хардвер? На тоа Microsoft одговара дека Windows Phone Tango, следната верзија на овој оперативен систем, е оптимизиран да работи и на 256 MB RAM.
Oстанува да се види дали стратегијата на Nokia и Microsoft ќе успее. Windows Phone сè уште има долг пат да преоди за да стане конкурентна платформа.
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.