САД официјално побара екстрадикција за основачот на Megaupload

во Свет

Очекувано, американските власти доставија официјални документи за екстрадикција на основачот на контроверзниот сајт Megaupload, Ким Дотком. Тој беше уапсен во јануари, заедно со уште неколку вработени, од страна на полицијата на Нов Зеланд која соработуваше со американските власти.

Kим Дотком и вработените во Мegaupload се обвинети дека ја потпомагала пиратеријата правејќи штета од скоро пола милијарда долари, при тоа заработувајќи 150 милиони долари. Сајтот беше изгасен по апсењата. Целиот имот на Ким Дотком е запленет од полицијата, вклучувајќи ги и луксузните автомобили со екстравагантни регистарски таблички како „Мафиа“, „Обвинет“, „Полиција“, „CEO“…

Сослушувањето за екстрадикција е закажано за 20 август. На сослужувањето ќе се утврди дали тој ќе биде пратен во САД каде го чекаат тешките обвинувања.

Ким Дотком, кој е германски државјанин кој живее во Нов Зеланд, ги одби обвинувањата велејќи во неодамнешно интервју за новозеланските Channel 3 News дека „не сум пиратски крал. Јас нудев онлајн складиште на корисниците и тоа е се.“

Тој во моментов е ослободен со кауција, но слободата му е под ограничени услови. Мора да носи електронска нараквица, и не смее да ја напушти државата или да користи интернет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Мите Митрески
Мите Митрески
12 years ago

Обично ви ги почитувам текстовите и тоа што се обидувате да го правите, но сликата на овој текст премногу наведува кон заклучоци. Јас последен пат кога проверив Ким Дотком не е осуден за ништо, законот за кој што е "крив" е закон од друга држава а прашање е колку и дали е крив според него.

@ViktorDano
12 years ago

Никаде во текстот не наведуваме дека е обвинет. На сликата е автомобил со регистарска табличка која Ким Дотком ја одбрал. Интересна е бидејќи е екстравагантна и контроверзна како и целата ситуација со Megaupload.

Но, ти благодарам на сугестијата.