0 коментари 1 мин. читање

Google ќе претстави говорен асистент налик на Siri до крај на годинава

Google работи на говорен асистент за паметната платформа Android кој ќе треба да му конкурира на Siri, асистентот на Apple кој беше ексклузивно преставен со новиот iPhone 4S.

Google пријави патент за говорен асистент пред неколку недели, што ги подгрева шпекулациите дека ќе видиме нешто такво наскоро. Според TechCrunch, апликацијата ќе се појави од крај на годината и ќе се вика едноставно „Assistant”, иако првичните извештаи го именуваа и како Majel.

Целта на Assistant е да го искористи Google пребарувањето, и да биде интегриран со сите други сервиси како Gmail, Google+ и YouTube. Ќе биде со отворен код што ќе значи дека ќе може да се користи и од другите програмери да го интегрираат во своите апликации, пример апликации за патување, друштвени апликации и можеби и игри.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top