0 коментари 2 мин. читање 24 февруари, 2012

Како да ја подобрите главната фотографија за да одговара на вашиот Timeline

За да си направите кул и забавна слика на својто Facebook Timeline, прво ќе треба да ја прифатите алатката Aviary на вашиот Facebook профил за да можете да ја користите. Кликнете тука за да го направите тоа. Не само што со оваа алатка можете да поставувате ефекти и да ги променувате фотографиите директно од Facebook, туку отсега ќе можете да извршите Crop во форма на Timeline главната фотографија.

Пристапете во апликацијата преку пребарување во Facebook на Aviary Photo Editor. Одберете која фотографија сакате да ја форматирате за Cover фотографија и потоа кликнете Crop копчето и селектирајте Cover Photo. Откако ќе го досредите размерот на фотографијата, пробајте различни комбинации со контраст, аплицирајте ефекти или едноставно притиснете Еnhance со тоа што фотографијата автоматски би требало да се “подобри”.

Кога ќе ја најдете најдобрата комбинација притиснете Save, за потоа да ја поставите перфектно форматираната фотографија како cover фотографија на вашиот Timeline исто како што тоа го правите со фотографиите без Aviary алатката.

Со секоја промена на Facebook, најкористената друштвена мрежа во светот, добиваме добар индикатор за тоа како повеќето луѓе на планетава се справуваат со промена. На почетокот вокално се бунат каде и да стигнат. Потоа откако полека ќе замре незадоволството, во следниот момент се заборава агонијата од предходната промена, и на крај се завршува со позитивни реакции за тоа како впрочем цело време знаеле дека новата промена е фантастична. Со вакви апликации таа транзиција ќе ја поминеме многу побрзо.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top