iPhone апликациите се двојно поевтини од Android апликациите

2 коментари 2 мин. читање

Кога ќе помислите „Apple корисници”, стереотипот што изненадувачки сè уште продолжува, е дека се работи за луѓе со премногу пари, што сакаат да користат уреди кои убаво изгледаат. Без да навлегувам во детали на апсурдноста на тој стереотип, овој четврток во една анализа што ја направи  фирмата за анализа на пазарот Canalys, во која се тврди дека iPhone апликациите се 2,5 пати поевтини од апликациите на Android.

Врвните 100 платени апликации во Америка на App Store чинат 147 долари, а на Android Market чинат 374.37 долари, со просечна цена од 3,74 долари.

Canalys објаснува дека овој феномен можеме да го објасниме со тоа што ќе забележиме дека App Store има далеку позрела продажна срединa, со тоа што App Store беше лансиран на 2008 година, а Android Market првпат овозможи платени апликации на 13 февруари 2009 година. Во тој период Apple создаде модерирана продажна средина, која често пати беше критикувана, и покрај нејзиниот успех во споредба со останатите пазари на апликации како Android Market.

Фактот што App Store има многу повеќе корисници кои би платиле за апликации ги притиска развивачите на Android апликации да ги дигнат цените за да можат воопшто да преживеат.

Според Рачел Лашфорд од Canalys, да се продадат повеќе апликации за поголеми цени е светиот грал за развивачите на апликации, но успехот во продажбата на големи количини на платени апликации на Android не е мал предизвик.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top