2 коментари 1 мин. читање

Anonymous ги срушија сајтовите на грчката влада, банки и политички партии

Хакерите-активисти Anonymous срушија неколку сајтови на грчката влада, банки, полицијата и политичките партии во знак на дигитална поддршка на протестите кои избувавнаа во неделата.

Насилните протести, во кои беа запалени и 34 згради во Атина, се против непопуларниот закон кој беше одобрен од грчкиот парламент. Законот воведува построги мерки за штедење за да може да се соберат пари и да се намали националниот долг од 132 милијарди, и да и се даде основа на Грција да добие уште пари од Европската Унија за да не банкротира. Строгото штедење ќе значи повеќе опуштања и намалувања на пензиите и платите.

Аnonymous со својот синтетизиран глас во видеото подолу, вели дека ја таргетираат Грција бидејќи властите не сакаат да го послушаат народот и да ги следат нивните барања. Во истото видео хакерите-активисти им се заканија на сите други европски земји.

Хакерската група се почесто е во центарот на светското внимание благодарение на својот дигитален активизам, ако може така да се нарече срушувањето на разни сајтови, од Хрватска до Сирија, и поради заканите кои ги упатуваат на сите други.

[youtube]aSlLwRXHBJY[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top