0 коментари 2 мин. читање 13 февруари, 2012

Anonymous и се заканија и на Бугарија заради ACTA

Хакерската група и прати заканувачка порака на Бугарија со барање да го послушаат народот и да се тргнат од контровезниот договор ACTA.

ACTA e трговски договор составен со цел да се справи со трговијата на фалсификати и пиратеријата. Многумина стравуваат дека ACTA ќе може да ги постави темелите за интернет цензура бидејќи дозволува строги казни за пиратирање и ги обврзува интернет провајдерите да го мониторираат корисничкиот сообраќај. АCTA значи дека земјите мора да воведат строги казни за сите кои споделуваат нелегална содржина од сајтови кои не се одобрени од забавната индустрија, како што се торент сајтовите. Иако е потпишан од 22 европски земји и ЕУ, како и други земји надвор од унијата, тој договор ќе мора да помине пред Европскиот Парламент.

Протестите ширум Европа против се со цел да го информираат народот и да извршат притисок врз Европскиот Парламент подетално да го прегледа договорот пред да го одобри.

Што се однесува до Anonymous, нивната активистичка агенда е да ги поддржат протестите со дигитална активност.

Во видеото испратено до бугарските власти, хакерите-активисти велат дека властите мора да ја почитуваат одлуката на народот. Иако Anonymous не кажуваат што им е конкретна закана, јасно е дека ќе следат срушувања на владини сајтови и можни крадења на податоци кои подоцна ќе бидат објавени со цел да се исмејат властите. Претходно, на 5-ти февруари, Аnonymous успеа да го пробие сајтот на Prophon, бугарска компанија која ја претставува забавната индустрија и дистрибуира надоместоци за авторски права.

[youtube]n9ke5PkCdz0[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top