Програмерскиот тим на популарниот ROM за Android, CyanogenMod, сака да стартува продавница која ќе ги има апсолутно сите Android aпликации, дури и тие кои ќе бидат забранети или тргнати од официјалниот Android Market.
Продавницата би требало да содржи емулатори, визуелни говорни сандачиња, тетеринг, и друг софтвер кој не е според правилата на Google, вели член на CyanogenMod заедницата, Коушик Дута, кој објави и дизајн како би изгледала продавницата.
Пред само десетина дена, CyanogenMod објави дека нивниот популарен фирмвер за Android е симнат над 1 милион пати, што може да значи дека и продавницата би била доста популарна. Според заедницата, ROM-от, покрај персонализиран интерфејс, ја подобрува батеријата и нуди подобри перформанси на Android уредите.

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.