0 коментари 2 мин. читање

Што значи кога компјутерот ви свири?

{mosimage}Сигурно до сега сте ги слушнале оние звуци кои излагаат од куќиштето и сте се запрашале што се и зошто се? Доколу по уклучување на компјутерот не се бутира т.е нема слика на екранот, во тој случај преку звуците што ги дава компјутерот може да заклучите која е причината т.е кој дел го прави на проблемот.

Биповите се програмирани звуци на матичната плоча кои имаат за цел да известуваат за можен проблем на поедини делови и полесно остранување на истите. Има краток и долг звук кој, кај различни верзии на BIOS, има различно значење.

Прво што треба да направите е да утврдите кој тип на BIOS имате .Тоа може да се утврди по самиот изглед на BIOS-от, што најверојатно пишува и во „POST screen“-от. Одкако ќе откриете кој BIOS имате, тогаш може да почнеме со објаснување на звуците.

Mожете да се вклучите во дискусијата за овој совет на Форумот на It.com.mk.

AWARD BIOS

{mosimage}

  • 1 Краток beep –> Системот се подига нормално.Се е во ред.
  • 2 Кратки beep-а –> Грешка во подесувањата во CMOS-от/BIOS-от.
  • 1 Долг & 1 Краток beep –> Грешка со DRAM-меморијата.
  • 1 Долг & 2 Кратки beep-а –> Проблем со графичката картичка или мониторот.
  • 1 Долг & 3 Кратки beep-а –> Грешка со тастатурата.
  • 1 Долг & 9 Кратки beep-а –> ROM грешка.
  • Долг повторувачки beep –> DRAM меморијата не е правилно наместена.
  • Краток повторувачки beep –> Проблем со напојување.

AMI BIOS

{mosimage}

  • 1 Краток beep –> DRAM flash Грешка.
  • 2 Кратки beep-а –> Грешка во проверката на DRAM ECC меморијата.
  • 3 Кратки beep-а –> DRAM меморија не е пронајдена.
  • 5 Кратки beep-а –> CPU грешка.
  • 6 Кратки beep-а –> Грешка со тастатурата.
  • 8 Кратки beep-а –> Проблем со меморијата на графичката картичка.
  • 9 Кратки beep-а –> ROM грешка.
  • 1 Долг & 3 Кратки beep-а –> DRAM меморијата е расипана.
  • 1 Долг & 8 Кратки beep-а –> Проблем со графичката картичка или мониторот.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top