{mosimage} (DDoS нападите врз друштените мрежи, се всушност напади кон грузиски блогер. Повеќе детали за ова ќе прочитате подолу, по првичниот текст)
Twitter веќе цел ден не функционира поради DDoS напад, напад кој влучува мрежа на ботнети, мрежа на заразени компјутери кои праќаат барање до сервисот кој не може да ги возврати бидејќи е поплавен со барања по што сервисот паѓа, односно не функционира.
„Во овој, во други околности, среќен вторник, Twitter е мета на DoS напади… Додека се браниме од нападите, можете да го погледнете надополнувањето на нашиот статус блог“ пишува Биз Стоун, ко-основачот на Twitter.
На статус страната, пишува дека Twitter повторно функционира, но од време на време повторно паѓа и е недостапен за 45 милиони Twitter корисници.
{mosimage}
За да бидат работите полоши, и Facebook се соочува со проблеми. Иако се уште не се знае кој или што ги предизвикува грешкита на Facebook, сепак се шпекулира дека и Facebook можеби е жртва на нападите. На Facebook проблемот и не е толку голем, освен што сервисот е малку поспор и понекогаш објавува грешка при постирање или коментирање. Можеби некој од вас ја видел грешкава:
{mosimage}
Надополнето: Се чини дека сега Twitter функционира, но е многу спор.
Надополнето 07.08.2009: Тwitter срушен поради грузиски блогер
Според Макс Кели, шефот за безбедноста на Facebook, мета на DDoS нападите кои го срушија Twitter и LiveJournal, а го успорија Facebook, бил еден единствен корисник – грузиски блогер познат како „Cyxymu"(име на град во Грузија).
„Тоа беа симултани напади низ број на сервиси кои ги користи блогерот со цел да се замолчи. Ние активно ги истражуваме изворите на нападите и се надеваме дека ќе ги најдеме индивидуалците кои го организираа нападот и ќе преземеме акција против нив, ако можеме.“ изјави г-дин. Кели за CNet.
Што се однесува до блогерот неговиот блог на Live Journal e недостапен, но CNet ja извлекле кешираната верзија на сајтот што покажува дека последната порака била во четврток и се однесува на DDoS нападите.
„Сега е очигледно дека ова е специјален напад против мене и грузијците.“ пишува Cyxymu на руски.
{mosimage}
Прстот се покажува кон Русија, се ближи годишнита од 5-дневната војна, но
шефот за безбедноста на Facebook не сакаше да шпекулира. Проблемот е што секој може да стои зад нападите и да се скрие, бидејќи се работи за илјадници компјутери заразени со штетен софтвер кои ја прават мрежата на ботнети потребни за DDoS напад.
Facebook многу лесно се справи со проблемот, беше само малку спор и одвреме навреме појавуваше грешки. Twitter неколку часа беше недостапен вчера. Сега најновата порака од Twitter е дека сервисот функционира, но сепак со одредени проблеми и може да биде поспор.






