8 коментари 1 мин. читање

Македонските твитерџии направија Новогодишна елка од стотици пластични шишиња

Со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните, група македонски твитерџии и блогери направија Новогодишна елка од околу 1.000 пластични шишиња. Елката стои гордо во Скопскиот парк, со надеж дека собирачите на пластични шишиња нема да ја срушат. По Нова Година креаторите соодветно ќе ја тргнат елката.

– Објавено е видеото за Новогодишната елка од пластични шишиња –
– Каков ефект имаше Новогодишната елка од пластични шишиња (инфографик) –

„По примерот на елката од 40.000 пластични шишиња што беше поставена во Литванија, повикав, ако има интерес, и ние да направиме нешто слично, секако помало, но симболично, кое би ја издигнало свеста за рециклирање.“ – вели Тамара Атанасоска, која беше иницијатор на акцијата.

Целата дискусија околу елката ќе ја најдете на #eлкамк или на Facebook, а куп слики ќе најдете тука.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top