Филозораптор, Y U NO ликот, Impossibru, мачорот во џизми, и бебето кое победува.. Тимоти Тиа, ко-основачот на азискиата компанија за рекламирање на блогови Nuffnang, ги искористи сите овие меми да ја изненади и запроси својата девојка.
Како прав маркетер, Тимоти го спакува во убаво видео светот да види. Ова сигурно ќе привлече внимание врз неговата платформа Nuffnang, стартувана во 2007 година, која се користи од маркетинг агенциите за да се рекламираат на над 100.000 блогови од Сингапур, Малазија, Филипини и Австралија. Nuffnang е и првиот од тој дел од светот кој направи регонални блог награди.
Што се однесува до Одри Фенг, девојката на Тимоти, таа објави блог пост во кој ја опшиа случката. Интересно, нејзината прва ракција била „боже, се надевам дека нема да ми раскине“.
Meme Proposal | Tim * Audrey from Crazy Monkey Studio on Vimeo.
<
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.