Дури една-четвртина од граѓаните на Европската Унија никогаш не користеле интернет, се открива во официјално истражување. Сепак ова е подобрување споредено со 2006-та година. Истражувањето (.pdf) е направено со 214.580 граѓани на возраст од 16 до 74 години кои живеат во 149.331 домаќинства.
Најголем проблем со кој се соочува Европа е преголемо несогласување со земјите во поглед на нивото на ИТ. Ова разделба е проблем кој мора да се среди пред да може да се развива и електронската трговија и електронските услуги меѓу земјите-членки.
Шведска, Холандија, Данска и Луксембург се најразвиени европски држави во поглед на пристап на интернет. Само 5 отсто од швеѓаните не користеле интернет, додека Холандија е прва по поврзаност со 94 отсто од домаќинства кои се поврзани на интернет. Романија се наоѓа на спротивниот крај. Таму дури 54 отсто од граѓаните не пристапиле никогаш на интернет. По Романија најлошо рангирана е Бугарија, со 46 отсто од граѓаните кои немаат искуство со интернет, па следат Грчка, Кипар и Португалија.
Што се однесува до Македонија, која ја нема во извештајот бидејќи не е членка на ЕУ, според Државниот завод за статистика од 21.10.2011, 56 отсто од населението користеле интернет. Тоа би ја ставило Македонија на трето најлошо место доколку би биле во ЕУ. Но, не е се само во пристапноста.
Истражувањето покажува и дека повеќе од половина европејци користат интернет скоро секој ден, односно две-третини користат интернет барем еднаш неделно. Скоро 75 отсто од мажите се на интернет, споредено со 65 отсто од жените.
Напредок има и во користењето на брз интернет. Шеесет и осум проценти од домаќинствата ширум Европа користат широкопојасен интернет. Ова е поратс од 30 отсто споредено со 2006-та година.


Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.