0 коментари 1 мин. читање

Дали може преку Facebook да најдете работа? (инфографик)

Еден од шест луѓе ги користат друштвените мрежи за да најдат работа, се открива во инфографикот на MBAOnline.com.

Скоро 9 од 10 луѓе кои бараат работа имаат профил на друштвените мрежи, a 54 отсто од нив користат Facebook, Twitter или LinkedIn за да најдат работа. Според инфографикот т.е. анкетата на MBAOnline.com скоро 18.400.000 aмериканци нашле работа преку Facebook, 8.000.000 преку Twitter и 10.200.000 велат дека LinkedIn им ја нашол работата.

Оваа „друштвена интеракција“ е добра за компаниите бидејќи полесно можат да го запознаат апликантот за работа и да ги откријат неговите интереси. За луѓето кои бараат работа ова е позитивно бидејќи многу лесно можат да се поврзат со други луѓе кои нудат работа и да дознаат дали тие навистина можат да одговорат на карактеристиките кои се потребни за работата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top