Помеѓу номинираните филмови од Sundance Film Institute за 2012-та година во категоријата странски документарни филмови се најде и филмот Indie Game: the Movie. Филмот е дело на двајца канаѓани Џејмс Свирски и Лисен Пајот кои поминале една година следејќи ја работата на петмина независни креатори на видео игри.
Помеѓу останатото филмот ја следи работата на двајца пријатели Едмунд МекМилен и Томи Рефајнс кои работат на својата прва игра за Xbox Super Meat Boy, Фил Фиш и неговата работа на долгоочекуваната игра FEZ која е во изработка четири години и според информациите од режисерите филмот ја следи приказната и на една од највисоко рангираните видео игри Braid. Филмот веќе има добиено повеќе добри критики помеѓу кои:
„Дизајнерите раскажуваат искрена приказна за нивните животи, инспирација и креативниот процес, потврдувајќи на начин на кој што неможе ниеден есеј или статија дека нивните дела се состадени со љубов и се уметност“ – Тhe Globe & Mail.
„Конечно постои филм за видео игри кој треба да го видат сите!“ – G4 TV
„Техничкиот аспект на креирањето на видео игри го замаглува креативниот процес и личната инвестиција кој се дел од креирањето на видео игри. Затоа Indie Game: the Movie е толку возбудлив“ – IFC
[youtube]YtBZ68Fx1Kw[/youtube]
Филмот многу повеќе го следи креативниот процес во текот на дизајнирањето на игрите отколку на техничките детали во процесот на креирање. Музиката за филмот е од Џим Гатри кој има работено и на видео играта Superbrothers: Sword&Sworcery EP.
Фестивалот Sundance ќе со оджи од 19 до 29 Јануари во повеќе градови во Јута.
[youtube]zskfq2xhiyE[/youtube]