Pinterest – експлозија од сè што е кул

во Веб, Совети

Pinterest е веб страна изградена од мал тим во сончевото Пало Алто, Калифорнија, која ви овозможува да ги сочувате и организирате сите прекрасни работи на кои ќе налетате додека сурфате на веб. Воедно, тоа е место кое служи како ефектен букмаркинг сервис кој можете да го споделите со сите и страна која ви дозволува совршено  да го изразите својот визуелен карактер на интернет. Накратко, Pinterest е виртуелна пин табла од соништата и визуелна експлозија од сè што е кул.

Сервисот е замислен како ваш виртуелен простор кој ќе ви помогне да соберете работи кои ви се допаѓаат и ве инспирираат, да пронајдете идеи за декорација на вашиот дом, за вашиот стајлинг, да сочувате добра типографија, да ја испланирате вашата свадба, да ги соберете омилените рецепти, итн. Ова го правите така што креирате профил со пин табли на различни теми (на пример: „Рецепти“, „Дом од соништата“, „Постери“, итн.) и на нив закачувате ваши пинови.

Пиновите се закачуваат со помош на „букмаркер” во вашиот прелистувач кој ги извлекува сите слики кои можете да ги закачите од одредена страна и ви дозволува да ја изберете саканата слика, да ја додадете на пин табла, да вклучите опис и да додадете тагови. Исто така, имате можност и да додадете „Pin” копче на вашата веб страна или блог. Можностите на овој сервис се неограничени, а користењето лесно и интуитивно.

Како додаток на индивидуални пин табли, можете да креирате и групни пин табли кои ќе ги користите заедно со вашите пријатели. Ова е одличен начин за создавање на групна инспиративна табла и разменување на идеи.

Во моментот, Pinterest може да се користи само по покана која можете да ја побарате директно на вебот.

А во меѓувреме, уживајте во прелистување на безброј пинови во најразлични категории:

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments