0 коментари 2 мин. читање 22 ноември, 2011

Евро-комесарката Нели Крус бара нови авторски права

Активниот систем за авторско право не успева во својата задача, вели потпретседателката на Европската Комисија, Нели Крус.

Таа на својот блог пишува дека пиратеријата е се уште проблем, исто како што е и проблем што системот за авторски права не успева да ги награди артистите – музичарите, сликарите и писателите – кои се уште живеат под 1.000 евра месечни приходи, што е под минимум платата во Европа.

Г-ѓа. Крус, која претходно беше евро-комесарка за ИКТ, повикува на нов систем кој ќе дозволи нови идеи да се развиваат, од дистрибуција до користење и продукција.

„Бизнис моделите треба и мора да бидат креативни како што е и уметноста“, вели таа. „Во моментов не сме доволно флексибилни. Многу често одговорот на иновативните идеи – до идеи како Netflix или iTunes – е едноставно да бидеш парализиран со страв и неактивност. Spotify само што дојде кај нас во Белгија – цели три години откако стартуваше насекаде низ Европа! Не треба толку многу време за идејата да се рашири“.

Според неа, во моментот треба да се разгледа законодавните процеси и потенцијалните идеи за нов систем за препознавање и наградување на артистите, но тие идеи не смеат да бидат убиени со „ригидно, пре-дигиталн законодавство“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top