0 коментари 1 мин. читање

Едноставна анимација на лесен начин

{mosimage}Pivot Stickfigure Animator е интересна, мала и
бесплатна програма за правење на анимации. Програмчето иако малку олд-скул, сепак е одлично за сите кои
сакаат да си направат своја оригинална анимација. Вашите идни ликови можете да
ги креирате во визуелен едитор со кој ќе можете да го прегледувате, забрзате и
да ја подесите големина на анимација и уште многу други интересни работи. Програмчето
е едноставно за употреба и е доста забавно.

{mosimage}

Интерфејсот е едноставен. Од лева страна има подесување
на брзината на анимацијата, додавање на нов објект, бришење на фигура, одбирање
боја, големина, позиција и снимање на фрејмови,а од десно е работната површина.
Може да додадете и своја позадина и други помошни предмети со што се олеснува
работата. Со самото програмче доаѓаат и неколку демо анимации, букви и предмети
кои на почетниците им овозможуваат полесно совладување на програмчето.

{mosimage}

Нешто што не ми се допадна кај Pivot Stickfigure Animator е тоа што
нема можност во самиот програм да доцртуваш предмети по твој вкус. Сепак иако
постаро, програмчето ме воодушеви и ме остави без зборови…. Одличен избор за
почетници во анимираниот свет кои сакаат виртуелно и на едноставен начин да си ги искажат своите идеи.

За крај еве една интересна кратка анимација….уживајте. :)



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top