3 коментари 1 мин. читање

Google го отвори кодот на Android Ice Cream Sandwich

Google го ослободи кодот на најновата верзија на Android, 4.0, или популарно познат како Ice Cream Sandwich. Ова е доста интересен потег од страна на Google кој претходно одбија да го објават кодот на Honeycomb, верзијата за таблет компјутери, велејќи дека причината за тоа е дека производителите би го користеле и за телефони и со тоа не би понудиле добро корисничко искуство.

Сега со Ice Cream Sandwich Google има мобилен оперативен систем кој е оптимизиран и за паметните телефони и за таблет компјутерите. Објавениот код покрај новите API-ја и подобрените перформанси, го содржи и кодот од Honeycomb, но, според софтверскиот инжинер на Google, Жан-Баптист, овој код не е комплетен „и затоа би сакале сите да се фокусирате на Ice Cream Sandwich”.

Отварање на кодот ќе биде корисно за раните производители, кои работат и не работат со Google, да го искористат Аndroid ОС за своите идни паметни телефони и пред се таблет компјутери. Моментално, пазарот на таблет компјутерите е доминиран од iPаd-от, но се очекува таа доминација да се намали откако ќе започне масовното производство на таблет компјутери кои ќе работат на Android, како што се случи претходно со пазарот на паметни телефони.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top