3 коментари 1 мин. читање

Скоро секој интернет корисник е пират (инфографик)

Скоро 70 отсто од интернет корисниците ширум светот немаат никаков проблем со пиратеријата. Oколу 22 отсто од сиот глобален интернет сообраќај се користи на пиратска содржина. Шеесет и седум отсто од сите пиратски сајтови се хостирани во Северна Америка и Западна Европа, каде што се и најголемите студија. Неверојатни 98,8 отсто од пренесените податоци преку P2P мрежите е пиратска содржина… ова е неверојатната статистика објавена во инфографикот на WindowsObserver.

Интересно, порнографијата која ја има во изобилие бесплатно на интернет е всушност и најпиратирана, со 35,8 отсто. Филмовите и телевизиските серии се втори со 35,2 отсто, односно 14,5 отсто. Музиката е дури шеста на листата со само 2,9 отсто од вкупната пиратирана содржина, зад видео игрите и софтверот. Се чини дека проблемот со пиратирање музика е решен со претставување на музички веб сервиси како Spotify, Rdio, Last.fm и други.

Според поединечни наслови, Avatar е најпиратираниот филм, Lost е најпиратираната тв серија, Adobe Photoshop е најпопуларниот софтвер межу пиратите, а Call of Duty: Black Ops е најпопуларна игра. Меѓу музичарите напиратирана песна е Watch the Throne од Џеј-З и Канје Вест.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top