0 коментари 1 мин. читање

Корисниците не го сакаат новиот Google Reader

Google продолжува да ги освежува сите свои сервиси, па така сега дојде на ред и Google Reader. Претходно пишавме за планот на Google да го редизајнира Google Reader, а од оваа недела споменатите промени веќе почнаа да се појавуваат.

Како и повеќето Google сервиси , така и Google Reader сега има нов интерфејс, почист и побрз, и на изглед е скоро идентичен со оној на Gmail. Покрај промената во изгледот, Google Reader сега е длабоко интегриран во Google+, па така наместо да се „лајка“ некој текст, сега ќе може да се стисне на +1, и да се сподели со одбрани кругови од друштвената мрежа. Ова значи дека досегашните опциите за спријателување, следење, споделување и коментирање ќе бидат отстранети и заменети со слични функции кои ги нуди Google+. Оние што ќе сакаат да споделуваат содржини од Google Reader ќе мораат да отворат Google+ профил.

Се разбира овој редизајн е дочекан со огромни критики од страна на корисниците на Reader, но според официјалниот блог на Google Reader, незадоволството е очекувано, и затоа секој кој сака да го напушти овој сервис, фидовите може да ги префрли на друг. Незадоволните корисници имаат покренато петиција која веќе брои над 10,000 потписи.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top