0 коментари 1 мин. читање

Дефрагментирајте брзо и лесно

{mosimage}Кога вашиот хард диск ќе се соочи со висока фрагментација, целиот систем работи побавно, оперативниот систем подолго се вчитува, во некои екстремни случаи дури доаѓа и до системски грешки и самоиницијативни рестартирања на вашиот ПЦ. Особено во денешно време кога секојдневно се соочуваме со голем број на фајлови и нивен трансфер, редовно треба да го оптимизираме дискот и да ги подобриме неговите перформанси преку негова дефрагментација.

Но доколку сте ја пробале вградената алатка за дефрагментација во Windows, веќе знаете дека процесот завзема многу време а и дека не е многу ефикасен. Тука на помош доаѓа една корисна алатка наречена Auslogics Disk Defrag, која својата работа си ја врши брзо и која не верувам дека би можела да има поедноставен интерфејс.

Процесот на дефрагментирање преку Auslogics Disk Defrag започнува со еден клик, а програмот ви дава визуелен приказ на состојбата на хард дискот, бројот на фрагментирани фајлови како и колку имате слободен и искористен простор.

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}

Програмот е бесплатен за користење и ќе ви помогне да ги подобрите перформансите и стабилноста на системот, а со тоа и вашата продуктивност.

Auslogics Disk Defrag е одлична алатка за секој Windows корисник!



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top